Гола вистина… Да ги елиминираме или, барем, камуфлираме недостатоците

Наши препораки

Откривањето на деловите на телото и не е најпријатното нешто за повеќето жени. Ајде, со помош на експертите, да ги елиминираме или барем да ги ублажиме телесните недостатоци и да го смениме тоа чувство…

Апарат за измазнување на петиците Wellneo®, 840 ден. (wellneo.com.mk)

Стоп за испукани петици!

Апаратот за измазнување на петиците Wellneo® безбедно ќе ја отстрани тврдата, груба и сува кожа, така што стапалата се моментално мазни и негувани. Специјалната рачка со сад што се вади го намалува нередот од мртвата кожа. Не само што е еден од најефикасните електрични апарати за измазнување на петиците туку е и еден од најмодерните.

Отстранете ги несаканите влакненца

Најдобриот начин да се елиминираат влакната од телото зависи од вашиот животен стил, осетливоста на кожата и од некои други фактори. Еве ги методите што се навистина ефикасни …

Дома

Иако бричењето е најпопуларен метод за отстранување на влакната од телото, за жал, резултатите се краткотрајни. Покрај тоа, примената на овој метод носи ризик од непријатно враснување на влакненцата, особено во областа на ципите, каде што влакната се виткани.

И депилацијата со восок знае да биде причина за овој проблем, па, затоа, ви ги препорачуваме препаратите Depileve, кои ја спречуваат појавата на враснати влакна и служат за пилинг на телото. Механичкото отстранување на мртвите клетки на кожата помага во спречувањето на враснатите влакна.

Foliserum Depileve, 530 ден.,

Ултранавлажнувачкиот серум Foliserum се аплицира по отстранувањето на влакната, а во себе содржи салицилна киселина, која превенира од создавање враснати влакна. Богат е со Q10 и церамиди за да ја штити бариерата и ја обновува кожата.

Folisan Depileve, 270 ден.

Лосионот Folisan се користи како третман на враснати влакна и им помага да растат правилно. Се нанесува на проблематичниот дел на кожата со ролон-апликаторот.

Со помош на гаџети

Употребата на епилаторот е уште еден начин на отстранување на влакната во домашни услови. За време на оваа постапка, истовремено се отстрануваат повеќе влакненца од корен, а резултатите се стабилни од четири недели до шест месеци, во зависност од видот на апаратот што се користи.

Предноста на овој метод е што не мора да чекате да бидат со одредена должина, каков што е случајот со депилацијата.

Доколку сакате во домашни услови да изведете депилација како во козметичките салони, потребна ви е професионална опрема. Топилка, восок, ленти… и многу други додатоци, ќе пронајдете на shop.depileve.mk, односно голем број производи од прочуениот бренд во светот на депилацијата Depileve.

Топилката за топол и ладен восок Depileve е конструирана да обезбеди максимален квалитет на депилацијата и минимално горење на восокот. Може да се употребува за загревање ладен восок во конзерва или за загревање топол восок за еднократна употреба (интимна депилација, лице…)

Во салон

Депилацијата со восок исто така дава подолготрајни резултати, се спроведува на секои три-четири недели, во зависност од брзината на растот на влакната. Услов за примена на овој метод е оптимална должина на влакненцата, која овозможува добро прилепување на восокот, околу 3 мм.

Во дерматолошка ординација

Повеќето дерматолози сигурно ќе ви кажат дека ласерското отстранување на влакната е најдобриот метод за да се постигнат најтрајни резултати. Сепак, тоа е исто така најскапиот метод. Цената зависи од големината на третираната површина, како и од бројот на третманите што се неопходни за конечен резултат.

Покрај тоа, постои уште еден услов што го одредува успехот на постапката. Имено, практиката покажува дека најдобри кандидати за ласерско отстранување влакна се жени со светла кожа и потемна коса. Кај жени со потемна кожа, постои ризик од хиперпигментација. Кај повеќето клиенти, доволни се од четири до шест третмани – да се намали растот на влакната до 85%.

Покрај тоа, не постои ризик од враснување на влакната при употребата на ласер.

Обликувајте го телото на поинаков начин

Дали сте размислувале за третмани за обликување на телото? Овие три се многу популарни … Cool Tone е наменет за оние што сакаат дополнителна помош при дефинирањето на стомакот, бутовите или задникот. Методот се базира на примена на магнетна стимулација на мускулите, која предизвикува нивни контракции,

а со тоа и подобро обликување. Контракциите се нежни и обично добро се поднесуваат. Третманот трае половина час, а се препорачува да се прават четири сесии во период од две недели. Бидејќи резултатот не е траен, се препорачуваат третмани за одржување по четири до шест месеци.

Ако сакате да ги намалите масните наслојки, а не само да ги затегнете мускулите, одлучете се за Sculp Sure. Оваа постапка најчесто се изведува на стомакот, колковите, задникот, бутовите, долниот дел на грбот и подрачјето под брадата.

Постапката се темели на светлосни зраци, кои го загреваат и топат масното ткиво, за само 25 минути (колку што трае третманот). Уништените масни клетки не се враќаат, но другите клетки може да продолжат да растат, зголемувајќи ја и телесната тежина.

Постапката се состои од неколку третмани, во зависност од состојбата и површината на деловите на телото што треба да се третираат. Придружена е со болка, која многумина ја опишуваат како резултат на грчевите во мускулите и чувство на топлина.

Помалку инвазивна верзија на липосукција е дефинитивно Body Tite. Сондата се вметнува низ многу мал рез на кожата.

Постапката се темели на емисија на енергијата на радиобрановите од надворешна електрода, која го раствора масното ткиво и – преку сондата – ги отстранува од телото. Во исто време, кожата се затегнува. Овој метод се применува на стомакот, бутовите, колковите, колената и надлактиците, како и на вратот и под брадата.

Се препорачува за луѓе што сакаат да отстранат повеќе од 300 г масно ткиво, како и да ја затегнат кожата. Обично е потребно да се направат неколку сесии, а по секоја од нив се носи завој за компресија.

Закрепнувањето трае неколку дена, а резултатите може да бидат конзистентни со години. Сепак, бидејќи кожата старее и се растегнува со текот на времето, честопати е потребен нов третман – за одржување на резултатите.

Намалете го целулитот

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.