Неговото височество: Tеријаки-сос

Еве како да го приготвите сами

За овој сос се верува дека настанал откако јапонските доселеници пристигнале на Хаваи, па соја-сосот го помешале со сок од ананас

Оттогаш се појавиле разни варијации, но на сите им е заедничка основата – соја-сосот.

Еве како да го приготвите дома.

Потребно:  ¼ шолја тамари-сос, 3 лажици јаворов сируп (или мед), 1 лажица изгмечен лук, 2 лажици ситно рендан ѓумбир, по избор малку истолчена лута пиперка + (за згуснување), 2 лажици скроб од пченка (густин) и 2 лажици вода.

Приготвување: во тенџере на оган помешајте ги тамари-сосот, јаворовиот сируп, лукот и ѓумбирот.

Во посебен сад, промешајте го пченкарниот скроб со две лажици вода и додајте го во жешкиот сос, добро промешајте со жица за да не се формираат грутки и оставете го да се загрее уште малку (внимавајте да не зоврие).

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.