Бред Пит не е единствениот што старее како вино: Џорџ Клуни ги оперирал капаците, но за остатокот заслужна е ОВАА рутина!

Како се храни Џорџ Клуни

Џорџ Клуни пред неколку дена престојувал на луксузниот остров Миконос, каде што присуствувал на промоцијата на часовникот „Омега“, чиј амбасадор е токму тој

Деновиве целиот свет зборува за тоа како Бред Пит со своите полни 60 години изгледа двојно помладо, а сега јасно е дека и неговиот долгогодишен пријател Џорџ Клуни исто така е на вистинскиот пат и изгледа подобро од кога било претходно.

Која е неговата тајна?

Џорџ Клуни напорно работел во текот на целата своја кариера за да има добро тело. Тоа значи многу часови поминати во вежбалница, но и строг план на исхрана.

Клуни е голем обожавател на рутини, па така одбира такви што му причинуваат задоволство. Покрај основни вежби, често вклучува и јога во својот фитнес-план. Редовно изведува Бикрам јога. Овој метод вклучува многу различни вежби и јога-пози, но важно е сето тоа да се изведува во топла и влажна просторија. Неговите кондициони тренери сакале да симне неколку килограми што ги качил со текот на годините. Оваа јога-техника е најдобриот начин на губење вишок килограми, но и на заштита на телото од повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OMEGA (@omega)

Тој е голем љубител на трчање и се труди секојдневно да џогира. Исто така, сака да игра различни спортови, како што е кошарка со колегите актери Мет Дејмон, Леонардо Ди Каприо и Тоби Мегваер.

Кога наполнил 45 години признал дека имал направено операција за подигнување на капаците, бидејќи како што кажал:

„Сакам да изгледам будно.“

Планот на исхрана на Џорџ Клуни вклучува разновиден зеленчук, риба и многу тестенини. Клуни, исто така, се дистанцирал од своите омилени алкохолни пијалаци, како што се вотката и текилата. Резултатите се очигледни и вреди да се испроба неговата рутина ако сакате што подолго да бидете во форма.

Планот на исхрана на Џорџ Клуни
  • Појадок: Овесна каша
  • Ручек: Риба и зеленчук
  • Вечера: Тестенини или месо

Џорџ Клуни важи за еден од најзгодните холивудски актери. Магазинот „Пипл“ го има прогласено за „најсексапилниот човек на светот“, а неговиот изглед и шарм придонеле за тоа магазинот „Тајмс“ да го нарече „последната филмска ѕвезда“.

Тој, исто така, има добиено многу награди и номинации за својата исклучителна глума, како и за продуцентските и режисерските вештини. И покрај сиот тој успех, никогаш не ги заборавил луѓето кои имаат помалку среќа во животот. Тој го користи својот статус за да ја подигне свеста за правата на хомосексуалците и да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.