Акните на телото можат да бидат предизвикани и од облеката! Но како можеме да се ослободиме од нив?

Ви носиме клучни совети и докажани производи.

Mожеби ќе ве изненади, но ова е вистината: acne mechanica, т.е. иритации и мозолчиња предизвикани од триењето на кожата од нашата омилена облека – може да се појават кај секого. Да, без разлика на типот кожа (но ако вашата кожа е мрсна, вие сте изложени на поголем ризик), и без разлика дали имате акни на лицето или не.

И да, поради зголеменото потење, повеќе сме изложени на оваа појава налето отколку во зима. Но тоа не е нешто што не може да се реши!

1 Важни информации за порите:

Секоја ваша пора, каде и да е на телото, ослободува себум, маснотии што ја одржуваат кожата здрава, хидрирана и младешка. Но ако ткаенината на вашата облека заробува себум во порите – заедно со нечистотија и пот – тоа може да предизвика проблем. Дали некогаш сте добиле мозолчиња токму таму каде што се прерамките на градникот? Сега знаете зошто.

2 Први на удар се грбот и градите.

Зошто? Бидејќи на тие делови од телото нашата кожа има поголема концентрација на лојни жлезди во споредба со другите области. Сепак, ниту нозете, ниту задникот не се имуни. (Дефинитивно не сте единствената на која ѝ се случува ова) Дали го забележавте неодамнешниот пораст на популарноста на маските наменети за кожата на задникот? Ете ја причината!

3 Проѕирни ткаенини и пошироки кроеви ѝ се пријатели на кожата.

Тесната облека што ја трие кожата е значаен фактор што ќе придонесе кожата да „букне“. За среќа, тесните фармерки веќе не се во мода. Наместо тоа, одлучете се за послободни парчиња, како што се широки панталони, модерни макси-здолништа и широки маици.

4 Материјалите се исто така важни.

Облеката направена од синтетички ткаенини, како што се полиестер, акрил и најлон, е поверојатно дека ќе предизвика несакано воспаление, бидејќи  овие материјали имаат тенденција да заробуваат масти и нечистотија (уф!).

За жал, ова важи дури и за специјалните материјали што го елиминираат вишокот влага и ја отстрануваат потта од кожата – нивната затегнатост им го отежнува „дишењето“ на кожата и порите. Најдобар избор се лесни, воздушни природни ткаенини = памук, лен и свила.

5 Нежниот пилинг е клучен.

Вклучете во вашата рутинска нега производи што имаат нежен ефект на ексфолијација (тоа значи дека содржат, на пример, овошни киселини). Добрата вест е што можете да ги користите истите производи за лекување на акните на телото кои се ефикасни и за акните на лицето. Ако нема подобрување дури и по редовна употреба во текот на неколку месеци, побарајте стручна помош.

Средства што помагаат во борбарат против акните:

Effaclar Micro-Peeling, La Roche Posay гел за микропилинг 1.860 ден.

CeraVe SA Smoothing Cleanser Gel Καθαρισμού που Απολεπίζει, 236mlCeraVe гел за чистење кожа склона на неправилности со 2% салицилна киселина и ниацинамид, 913 ден.

Buy Biretix Tri-Active Spray Anti-Blemish 100ml · Greece Triactive спреј за тело и лице, кој ги редуцира акните, дамките и продукцијата на себум, околу 665 ден.

Текст: Наташа Човиновска

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.