Вака родителите прават добри луѓе од своите деца: Проверете дали ги почитувате овие 7 правила!

Тие се од пресудно значење

Најважната задача на секој родител е да го изведете детето на прав пат

На децата никогаш не им е доста од бакнежи и прегратки, добро запомнете го тоа! Доколку ги опсипувате со љубов, и тие утре ќе го прават истото со своите потомци.

1. Секогаш имајте време за нив. Ако правите нешто, престанете за момент, макар на една минута и фокусирајте се на своето чедо. Тоа е поважно од сите обврски, сè друго може барем малку да почека.

2. Не давајте им само пари, дајте им го и своето време. Скокајте со нив додека се мали во вирчиња, трчајте заедно, шетајте, пливајте, забавувајте се! Еден ден, детето нема да се сеќава на она што сте му го купиле но ќе се сеќава на сето тоа што сте го правеле заедно.

3. Пејте што повеќе. Прекрасни се спомените од моментите кога детето ви седело во прегратка или покрај вас во автомобилот и кога заедно сте ги пееле вашите омилени песни.

4. Уживајте во наједноставните нешта. Навечер во успивањето и во читањето бајки. Во вообичаените оброци или мрзливи недели. Славете ги и најобичните мигови.

5. Секогаш бакнувајте ги за добра ноќ. Дури и ако заспијат, одете да ги бакнете.

6. Забавувајте се заедно дури и со здодевни активности, како што се средувањето по дома, готвењето, одењето во продавница… Шегувајте се, смејте се и уживајте! Животот е прекраток за да не си играте.

7. Фотографирајте ги важните моменти од растењето на детето. Забележете ги сите смешни работи што ги изговорило и направило. Децата се преслатки, особено додека се мали. Тие спомени засекогаш ќе ви бидат зачувани. Еден ден, гледајќи ги сами или заедно, повторно ќе можете да уживате во сите тие мигови.

Главната задача на секој родител е да го научи детето на овие 3 работи: Во спротивно, ќе биде осудено на пропаст!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.