Се верува дека идните милионери го носат ова име: Според истражувањето, најпопуларното име во Македонија привлекува пари!

Дознајте повеќе

Неодамна било спроведено истражување што открило дека името на детето освен врз неговиот карактер и однесување, може да влијае и врз неговата иднина, барем на банковната сметка

Тим од истражувачи ја анализирале листата на најбогати луѓе на „Сандеј Тајмс“, за да пронајдат неколку имиња што се поврзуваат со големо богатство. Иако листата е составена од имиња што се чести во земји во кои се зборува на англиски јазик, секое од нив е, всушност, интернационално, така што многу лесно можеме да направиме и македонска верзија од овие имиња, со минимални измени.

Резултатите покажале дека момчињата најдобро е да ги крстите Давид или Алекс. Давид, иако не е најчестото име кај нас, сепак е доволно популарно, а за распространетоста на името Александар не треба ни да се зборува.

Џон е следното име на листата, а наш пандан на тоа име би бил Јован. Џејмс, кај нас можеби би бил најблиску до библиското име Јаков, додека Марк е Марко со само една самогласка повеќе. Нема да погрешите ни ако се одлучите за некое од следниве имиња: Вилијам, Роберт и Михаел. Додека првите две се поретки кај нас, Михајло е добро познато.

Ако сте родители на девојче и ѝ посакувате блескава иднина, најдобро би било да ја крстите Елизабета или Јасмина, со оглед на тоа што Елизабет и Џасмин најдобро котираат на листата на „Сандеј Тајмс“.

Софија е уште едно од имињата што е многу често и на нашето поднебје. Преостанатите имиња што се појавуваат на листата можеби не се толку чести како Марија, Катерина и Елена, но ако одлучите да ја крстите вашата ќерка Леона, Зара, Изабела или Рахела, можеби токму со таа храбра одлука ќе ѝ помогнете подоцна во животот да стане милионерка!

Традиционални машки имиња: Ова е листата на најубавите имиња за момчиња
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.