„Сè што имав им дадов на ќерките, а сега не сакаат ни да ме погледнат“: Се преселиле во Америка и не сакаат да чујат за него

Исповед

Исповедта на овој човек кого ќерките го оставиле во старост, ќе ви го скрши срцето и ќе ве натера добро да размислите

Иван (69) живеел за своите ќерки, вложувал во нивното образование, на секоја од нив ѝ овозможил венчавка, а тие на крајот се преселиле во странство и го блокирале на сите канали за комуникација. Како татко и дедо, денес страда во болна самотија.

„Имам 69 години и живеам сам. Со својата втора сопруга живеев 36 години, но за жал, таа почина од тешка болест. Имаше рак во терминална фаза. Се боревме заедно за да ѝ го спасам животот, таа борба траеше една година, но немаше помош“, се пожалил господинот Иван.

Потоа открил дека се развел од првата сопруга, кога неговата најстара ќерка наполнила пет, а помалата три години.

„По разводот им помогнав да се школуваат, плаќав 50 отсто од моите месечни примања за нивната алиментација. Направив свадба за сите. И двете добија деца, а јас станав дедо. Сè беше во ред додека деверот, сопругот на мојата постара ќерка, не предложи да се преселат во американската држава Јута“, раскажува таткото и дедото.

Пред десет години ги прекинале сите контакти

Но не се отселиле само постарата ќерка, зетот и нивните деца, туку на таков драстичен чекор се одлучила и помалата ќерка, како и неговата поранешна сопруга.

„Откако мојата поранешна сопруга се пресели кај нив, моите ќерки воопшто не ме контактираат. Ни на телефон, ни на Фејсбук, ни на Вајбер. Едноставно ме блокираа. А сите тие години вложував во нив толку труд и љубов! Сега останав отсечен“, опишува господинот Иван.

Ја изгубил сета поддршка

„Во 2013 година добив порака дека сум мртов за нив. Сега ми е неверојатно тешко. Жал ми е што со мојата втора сопруга, сега покојна, не можевме да имаме деца. Со неа живеев многу убаво, во слога, вљубено. Кога почина, ја изгубив најдрагата сопатничка, која ми беше сè во животот“, се пожалил тој.

Сепак, тој вели дека не сака да ги влошува работите меѓу нив и дека им посакува на сите сè најдобро. Се надева дека неговите ќерки ќе се пронајдат во оваа тажна приказна и ќе ја прочитаат пораката.

„Да сте ми живи и здрави, како и моите прекрасни внуци, кои сè уште не сум ги видел. Бог нека ве награди со здравје и со среќа, а јас ќе продолжам да страдам во самотија“, искрено завршил Иван.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би ја решиле?

„Сè што имав им дадов на децата, сега немам ни за лекови“: Исповед на една мајка на богати деца, кои не сакаат ни да ја погледнат во староста
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.