Еве што треба да му овозможите на детето за да ве чува во староста: Психолог ги открива клучните чекори

Како да воспитате дете што ќе ве сака во староста?

Клинички психолог открива како да воспитате дете што ќе ве сака и чува во староста

Односот, без сомнеж, е најважното нешто при воспитувањето на децата, вели новозеландскиот клинички психолог Најџел Лата. Односот е еликсир за истрошени емоции и стресен живот.

Лата не е единствениот што го става квалитетот на односот на прво место во родителството. Проучувајќи колкаво е родителското влијание во секоја сфера, американскиот економист Брајан Каплан изнел прилично разочарувачки податоци за просечниот родител.

Бадијала сте плаќале курс по англиски јазик за новороденче, часови по пијано за тригодишно дете, часови по програмирање за петгодишниот иден Бил Гејтс. Според истражувањата што најмногу откриваат колку родителите влијаат врз своите деца, а во кои учествувале еднојајчани близнаци кои биле разделени при раѓање и пораснале во комплетно различни семејства и опкружувања – влијанието на родителите полека избледува со текот на годините. Раздвоените близнаци што никогаш не се виделе во животот, повеќе личат едни на други во поглед на карактерот, кариерите, здравјето и нивото на среќа, отколку на луѓето што ги пораснале и на браќата и сестрите со кои пораснале.

Но постои едно нешто врз коешто родителското влијание не избледува!

Вашата мала бубалица на која со години сте ѝ читале сликовници секоја вечер, можеби еден ден комплетно ќе ги батали книгите. Вашето Ајнштајнче со десет медали од математички олимпијади можеби ќе одлучи да стане диџеј. Но ако сте љубезни, топли и полни со љубов и почит, вашето дете тоа нема да го заборави. Трудот што сте го вложиле во добриот однос со детето ќе остави трага што генетиката и опкружувањето не можат туку-така да ја избришат.

За педесет годините вашите деца ќе се сеќаваат како сте се однесувале со нив. Ако сте им давале нежност, веројатно нема да го заборават тоа. Ако постојано сте се лутеле на нив, ни тоа нема да го заборават. Убавите (или лошите) спомени се една од ретките работи кои со голема веројатност можете да им ги оставите во аманет на вашите деца.

Всушност, сознанието дека не можете на сила да го направите новиот Новак или Џобс од детето, многу ќе ви помогне. Децата веројатно нема да излезат токму такви какви што сте ги замислиле и не морате толку да се оптоварувате со нивната иднина и поради тоа да им ја уништите сегашноста, како и сопствените шанси да им останете во убаво сеќавање. Фокусирајте се на тоа што навистина е важно и уживајте во вашиот однос.

Вака родителите прават добри луѓе од своите деца: Проверете дали ги почитувате овие 7 правила!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.