Препознатлив квалитет: Вашата коса заслужува врвна нега!

„HAIR STUDIO MAGIC“ постои цели седум години. Со голема амбиција ја реализирав мојата желба и пасија да работам како мејкап артист и фризер во моето студио врз основа на тоа дека со оваа професија се занимавам веќе десет години. Се започна во еден мал простор кој подоцна се претвори во студиото од моите соништа. Занаетот го научив на академија во Белград каде што студирав и живеев неколу години. На мое огромно задоволство таму можев да учам од врвни професионалци и од таму започна мојата соработка со големи балкански музички ѕвезди како и многу познати имиња од нашата естрада. До ден денес имам прекрасна соработка со сите нив и чест ми е што мојата работа ја презентираат во своите спотови.

За себе сметам дека се што ќе замислам можам да го остварам ако доволно силно го посакувам. Денес ова е мојот сон, „HAIR STUDIO MAGIC“ е брендот по кој моите илјадници задоволни клиенти ме препознаваат. Се додека постојам ќе постои и магијата на мојот бренд.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.