Зошто косата паѓа И ШТО МОЖЕМЕ ДА ПРЕЗЕМЕМЕ?

Совети

Правило број еден е – не паничете! И број два – вооружете се информации и да ги преземете првите чекори уште денес!

Губењето на косата е сосема нормален процес. Да, во одводот може да се акумулираат опаднати влакна и да го затнат, а можеби поради нив мораме почесто да чистиме, но губењето на околу 80 влакна дневно е сосема нормално и ништо не може да се направи заради тоа. Меѓутоа, доколку забележиме дека опаѓањето на косата е значително поинтензивно од вообичаено и дека косата се проретчува, треба да му посветиме поголемо внимание на овој проблем.

За почеток, неопходно е да се открие причината за ова. Препораката на „Убавина и здравје“ е секогаш да се побара мислење од стручно лице – во овој случај се работи за специјалист по дерматологија, бидејќи причините за опаѓање на косата можат да бидат разновидни, а од нив зависи и решението на проблемот.

ПРИЧИНИ: Што може да доведе до зголемено опаѓање на косата?

Генетика. Да бидеме јасни: постојат генетски и реактивни типови на опаѓање на косата.

Ако сме генетски предиспонирани за проретчена коса, тоа може да значи дека одредени фоликули на косата се осетливи на машките хормони, па постепено се намалуваат со возраста и произведуваат потенка и поретка коса.

Од друга страна, кај реактивниот тип опаѓање на косата, причините не се генетски, туку се предизвикани од различни нерамнотежи во организмот, кои настануваат поради недостиг на одредени хранливи материи, ригорозни диети, хормонални нарушувања, стрес или болест.

Хормонална нерамнотежа Хормоните играат значајна улога во циклусот на раст на косата. На пример, естрогенот (т.н. женски хормон) го поттикнува растот на косата, додека андрогените (т.н. машки хормони) можат да го скратат животниот век на косата. Вишокот на андрогени во телото (како што се случува во случајот со синдромот на полицистични јајници) може да доведе до зголемено опаѓање на косата. Истото се случува и со намалувањето на нивото на естроген поради менопаузата. Нерамнотежата на тироидните хормони, исто така, негативно влијае на квалитетот на косата.

Стрес Кога сме под стрес, се зголемува нивото на машките хормони – андрогени, што доведува до опаѓање на косата. Од друга страна, стресот може да предизвика други проблеми кои лошо влијаат на растот на косата, како првут или дигестивни проблеми.

Недостиг на железо Ова е многу честа причина за опаѓање на косата кај жените, бидејќи железото е неопходно во производството на протеините што учествуваат во изградбата на клетките на косата.

Недостиг на витамин Б12 Покрај тоа што предизвикува чувство на замор, недостигот на витамин Б12 го загрозува здравјето на црвените крвни клетки, кои носат кислород до сите ткива, вклучувајќи ја и косата. За веганите е особено важно да го проверат нивото на витамин Б12 во телото.

РЕШЕНИЈА: Како да се запре прекумерното опаѓање?

Покрај надворешната нега – односно квалитетен производ кој го запира опаѓањето и поттикнува здрав раст на косата, косата треба да ја негуваме и однатре. Еве како:

Внимавајте на исхраната: внимавајте колку протеини консумирате, бидејќи косата е направена од кератин, еден вид протеин, а правилната исхрана може да ѝ обезбеди градежни блокови. Исто така, важни се сложените јаглехидрати, кои на косата ѝ ја обезбедуваат енергијата што ѝ е потребна за да расте – изберете житарки од цело зрно, овошје, зеленчук и јаткасти плодови.

Разговарајте со вашиот лекар за суплементацијата. Дополнувањето со железо, витамин Ц, витамин Б12, витамин Д3, бакар, цинк, селен и есенцијалните амино киселини Л-лизин и Л-метионин може да биде корисно. Претходно, потребно е да проверите на кое ниво се присутни во вашето тело со тестови на крвта.

Размислете за здравјето на вашиот скалп. Дали ги знаете состојките во производите за коса што ги користите? Колку што е можно, избегнувајте шампони со поголем дел сулфати. Исто така, имајте на ум дека производите наменети за нега и обликување на косата (балсами, маски, регенератори…) не се наменети да дојдат во допир со скалпот – нанесете ги исклучиво на косата.

Плус совет: пред да ја измиете косата, направете масажа на скалпот со хранливи масла.

ДИЗАЈНИРАНИ ОД ШВАЈЦАРСКИ ЕКСПЕРТИ ЗА НЕГА НА КОСА, ИНОВАТИВНИТЕ ПРОИЗВОДИ РЕВАЛИД ЕФИКАСНО ГО РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ СО ОПАЃАЊЕТО И ПРОМОВИРААТ ЗДРАВ РАСТ НА КОСАТА.

Нормалниот циклус на раст на косата вклучува раст, одмор и опаѓање. Луѓето со здрава коса губат, во просек, помеѓу 70 и 100 влакна на ден. Секоја загуба над ова може да предизвика проретчување на косата, дури и ќелавост, што може да се случи ненадејно или постепено. Ваквите симптоми може да укажуваат на нарушување на циклусот на раст на косата и, во овој случај, незаменлива е консултацијата со лекар.

Revalid, швајцарска линија на производи – шампон и серум се покажа како многу ефикасна во случај на губење на косата. Шампонот и серумот се наменети за надворешен третман на косата, а се базираат на иновативна, активна состојка – Redensyl, која докажано ги оживува клетките во фоликулите одговорни за растот на косата.

Revalid шампонот за стимулација на растот обезбедува нежно чистење на косата и скалпот, ја хидрира и ја зајакнува косата и е совршена увертира за третманот против опаѓање на косата со Revalid Serum.

Revalid серум за раст го промовира растот на косата и го намалува опаѓањето, придонесувајќи за создавање до 28.000 нови влакна по секојдневна употреба во текот на три месеци, што е потврдено со клиничко испитување.

Екстрактот од Artemisia од швајцарските Алпи обезбедува антиоксидантни етерични масла, кои го надополнуваат регенеративниот ефект на Redensyl.

Дополнителните аминокиселини и пантенолот ги хидрираат косата и сувиот скалп и го стимулираат обновувањето на клетките на кожата. Без парабени, сулфати и силикон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.