Oткријте ги тајните на градот: Вечерва е промоција на новата книга „Љубов голема колку Скопје“ од Александра Тодоровиќ

На 6 декември, од 19 часот, во фоајето на МОБ ќе се случи една необична промоција на новата книга од авторката Александра Тодоровиќ.

Во ова книжевно наоѓалиште ќе го истражуваме Скопје и една градска љубов за која долго време никој не чул.

Александра Тодоровиќ веќе добро ги запозна децата и нивните желби со својата претходна книга „Мистериозниот град под калето“. Сега истиот град ќе ни ги плени срцата со една поинаква приказна.

Едукативна и интерактивна, оваа книга ќе го разбуди љубопитството и на малите и на големите деца и ќе нè заскокотка уште на самиот промотивен настан на кој ќе се сретнеме и ќе се забавуваме.

Промотор ќе биде Зорица Црношија, а ќе има и специјален гостин кој ќе биде едно од изненадувањата на вечерта.

Ве очекуваме сите заедно да ги откопаме љубовите што долго спијат под темелите на градот, со желба да создадеме нови.

За Скопје вреди да се раскажува и прераскажува – Скопје е љубов заради вас, заради луѓето во него!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.