Голема празнична промоција во „Фигурела“: Слабеење, топење целулит, сончање и масажа во едно!

Празнична промоција во „Фигурела“ што не се пропушта: се’ за вашето тело на едно место!

Студиото „Фигурела“ одлучи да ги изненади сите припаднички на понежниот пол по повод престојните празници и спреми интересна акција која што вклучува големи попусти.

Имено, со оглед на тоа што за скоро влегуваме во 2022 година, „Фигурела“ се потруди самата промоција да биде во знакот на броевите кои ја одбележуваат годината што доаѓа, па така за само 22. 000 денари добивате 22 целосни „фигурела-третмани“, 22 минути солариум, 2 азиски масажи, 2 терапии со ендосфера за тело и 2 терапии со ендосфера за лице.

Сопственичката на „Фигурела“, Наташа Петровска, вели дека дошла до оваа идеја сосема случајно, а традиција во нивното студио е секоја година да ги изненадуваат дамите со креативни акции и промоции се со цел да им ги разубават празниците.

Постоиме цели 13 години и за сиот овој период наназад се трудиме да осмислиме уникатни акции и кампањи. Оваа година, одлучивме се’ што нуди ‘Фигурела’ како услуга да го склопиме во едно и сето тоа да биде во знакот на 2022 година. Овој период од годината некако е најеуфоричен, па ги повикувам сите жени својата еуфорија да ја усмерат во правилна насока, односно да се фокусираат на ремоделирање на своето тело и доведување на истото до совршенство. Да го означиме стартот на 2022 година со нови животни здрави навики“, порача Наташа.

Освен оваа празнична промоција, „Фигурела“ активно секоја година се вклучува и во хуманитарни акции и настани.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.