Модна приказна на Fashion Group: „Свои во својата кожа!“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За кампањата пролет/лето 2023 година…

„Пролетта секогаш ни дава чувство на нова надеж, можности за прегрнување на новите предизвици, кои не значат ништо ако не се чувствуваме свои во својата кожа! Вака некако сакавме да ја презентираме новата колекција на Women’secret, бренд кој оваа година го слави 30. роденден, а 11-от како дел од семејството на Fashion Group“, вели Даниела Ѓуровска, маркетинг-менаџер на Fashion Group.

По тој повод, сакавме да потсетиме на тоа колку е значајно да се чувствуваш убаво однатре, за да ја покажеш сета убавина и однадвор.

Даниела Ѓуровска, маркетинг-менаџер на Fashion Group

Токму такви, едноставно убави и неодоливи, се сите парчиња од новата колекција на брендот, совршени за секој тип тело, создадени за да ве прикажат онака како што вие се доживувате и онака како што светот треба да ве види. Целото свое постоење брендот ѝ го посвети токму на оваа тематика, да се сакаме онакви какви што сме, а ние сме тука да ја поддржиме оваа мисија и по којзнае кој пат да докажеме дека секој е убав на свој начин.

За деновите од новата сезона…

Во новата сезона, Fashion Group одлучи целосно да им се посвети на суштинските работи, на оние моменти за кои честопати велиме дека се еликсир на животот. Новите колекции на нашите брендови го носат со себе токму тоа, парчиња во кои вреди да се започне секое ново поглавје во животот.

Парчиња за сечиј вкус, парчиња во кои ќе се чувствувате убаво и во кои ќе верувате дека можете да направите сè што ќе посакате. Кога говориме за ново, веројатно и нема друга асоцијација од најмалите, од оние за кои вреди да го правиме сето она што го правиме.

Токму Ангела Ѓоргиева и нејзиното синче Лиам се совршен приказ за она како ние ја замислуваме вистинската љубов, љубовта која е единствена, незаменлива… Облечени во парчиња од Women’secret и Mango Kids, тие даваат искрено ветување за уште поубав живот, целосно исполнет и смирен, каков што всушност замислуваме во деновите од новата сезона и целосно удобен, каков што секогаш ви овозможуваат нашите брендови.

ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА: FASHION GROUP
Гардероба: Women’secret, Parfois, Mango, Guess
Модели: Ангела Ѓоргиева и неј зиниот син, Лиам
Фотограф: Антонио Станков
Шминка и фризура: Милена Косиќ Студио

За Women’secret

Брендот што донесе поинаква естетика кога е долната облека во прашање, годинава слави 30 години постоење, од кои 11 години е дел од Fashion Group. Уште од самиот почеток, Women’secret доби огромен број вљубеници поради едноставните принципи што ги негува – биди своја и бори се за она што го сакаш.

Секоја колекција од брендот е доказ за исклучителниот квалитет на парчињата и за посветеноста на тимот за уште поголемо уживање на клиентите во понудата. Она што е сигурно е дека Women’secret и понатаму ќе остане да сведочи за она што значи уникатност во понудата за сите генерации на дами кои се нашата најголема инспирација.

Костим за капење Women’secret, ѓердан Parfois
Костим за капење и панталони Women’secret, oбетки и очила за сонце Mango
Костим за капење и панталони Women’secret, oбетки Mango
Костим за капење Women’secret, панталони Guess
Костим за капење, панталони и папучи Women’secret, капа, ѓердан и алки Parfois
Ангела: Костим за капење и наметка Women’secret
Лиам: Комбинезон, Mango Kids

 

Костим за капење Women’secret, обетки Mango

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.