Овој прекрасен и прескап божиќен џемпер е распродаден откако го носеше Кејт Мидлтон

Најдобра промотерка

Време е да почнеме да планираме облека за новогодишната ноќ и за празниците што следат, а војвотката од Кембриџ повторно не’ инспираше.

За снимањето на Royal Carols во Вестминстерската опатија, кои ќе се емитуваат за католичкиот Божиќ, Кејт избра празнична естетика во црвен, плетен кардиган од брендот Miu Miu.

Џемперот од кашмир, кој е украсен со детали во форма на бела јака и бисерни копчиња, е совршен за комбинирање со фармерки или миди-здолниште.

Тоа што кардиганот е распродаден во сите големини само неколку дена по објавувањето на  фотографијата на војвотката од снимањето на божиќното шоу, е уште еден доказ за докажаниот добар стил на идната кралица.

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.