Кејт Мидлтон се облекла како тетка, а потрошила 6.500 евра на комплетот: Дали е ова реално?

Како ви се допаѓа?

Војводата и војвотката од Кембриџ ја завршиле својата осумдневна карипска турнеја, а Кејт ги напуштила Бахамите во романтично, интересно издание што го подели модниот свет: додека некои ги потсетило на минатите среќни времиња, многумина сметаат дека е многу старомодно

Убавата Британка се качила во авион во фустан со цветен дезен и жолто-бели тонови што го потпишува дизајнерката Алесандра Рич, а цената на оваа креација изнесува речиси 2.000 евра.

Романтичната, женствена тоалета од свилен жакард го краси и пеплум-детаљ, кој на Кејт визуелно ѝ ја пополнил фигурата, како и светкави копчиња, шнола на појасот и панделка во пределот на деколтето.

Целиот стајлинг изгледал како да украден од 1980-тите, а британските медиуми пишуваат дека со ова издание војвотката сакала да ѝ оддаде почест на својата покојна свекрва, принцезата Дијана. Имено, фустанот неверојатно потсетува на оној што Дијана го носела во 1983 година, за време на својата прва кралска турнеја, кога со принцот Чарлс ја посетила Австралија.

Кејт го надополнила изданието со бели салонки од мазна кожа со потпис на брендот „Џанвито Роси“, а нивната цена е 650 евра, како и со огнено скапи дијамантски обетки од неверојатни 4.000 евра!

Инаку, британските медиуми пишуваат дека војвотката за време на оваа турнеја носела исклучиво нова гардероба, микс од парчиња на врвни дизајнери и пристапни брендови, а вкупната вредност на целата облека е проценета на околу 42.000 евра.

Сите гледаа во Кејт Мидлтон на приемот во Јамајка: Зачекори во балски зелен фустан како вистинска принцеза! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.