Кејт Мидлтон ја следи епитет дека е скромна жена, но ова е далеку од скромност (ФОТО)

Боли колку чини!

Пресметавме колку пари се потребни за една комбинација на облека на принцезата од Велс и износот е со шест цифри!

Кејт Мидлтон неодамна ја посети Foxcubs Nursery, служба за згрижување деца во Лутон, за  да го насочи вниманието на важноста на раниот развој на децата, на што е посветена долго време. Таа беслна во уште едно одлично модно издание, а ние се позабавувавме со деталите на нејзиниот стил.

Принцезата од Велс денеска носеше капут од престижна модна куќа, која е присутна и на нашиот пазар, а чија цена е 349 фунти.

Цената на ролката од Габриела Херст е 790 долари, додека здолништето од истиот бренд чини 1.590 долари. Клач-чантата на Стјуарт Вајцман чини 275 фунти, а обетките на Кики Мекдона 550 фунти.

На Кејт видовме и длабоки чизми од Џанвито Роси, а модел најсличен на оној што принцезата го носеше на официјалната страница на модната куќа чини околу 1.500 евра.

Кејт веќе има облечено некои од споменатите модели, а кога ќе се соберат цените на сите детали, цифрата е околу 300.000 денари. Ситница, нели?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @royalsfashion49

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.