Алесандра Амбросио покажа како се стилизира џемпер со интензивна боја (ФОТО)
Лежерно и шик
Долгите, мрачни денови сè уште не се зад нас, но многу лесно можат да се „осветлат“ – со светло плетиво. Плус, меките џемпери секогаш ќе ви го подигнат расположението, без разлика во која пригода ги носите. А тоа се нарекува „допаминско“ облекување.
Алесандра Амбросио ни покажа како изгледа тоа одлучувајќи се за портокалов џемпер.
Имено, манекенката го искомбинира ова живописно парче на The Elder Statesmen со „искинати“ фармерки со рамни ногавици и кожени влечки со постава.
Модниот детаљ, портокалова мини-чанта преку нејзиното рамо, одлично се согласуваше со џемперот.
Ова парче кашмир може да се носи со бели панталони, за првите пролетни денови, но и за вечерен изглед со црни, кожени панталони – значи, инвестиција во која вреди да се вложи.
Овој беспрекорниот лежерен аутфит бразилскиот супермодел го избра да прошетка со својот деветгодишен син Ноа.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм