Доминација на ријалити-кланот: Ги истакнаа најсилните модни атрибути, но Кендал за нив е докторка на стилот- овој фустан го докажува тоа!

Познатите богаташки на куп!

Фото: Getty Images

Новиот деловен потфат на Кајли Џенер е тука, а со тоа и уште една милијарда долари на хоризонтот. 

Најмладата сестра, но и многу амбициозна Кајли Џенер лансира нова козметичка линија Ulta Beauty, Крис и Кендал Џенер, Ким, Клои и Кортни Кардашијан плус Тревис Баркер и Кејтлин Џенер … сите дојдоа да слават, предводени од домаќинката на вечерта, која пристигна во познатиот ресторан со својата ќерка Сторми.

Кајли Џенер изгледаше одлично во краток бел фустан – беше во бело од глава до петици. Нејзините шик-очила особено ни привлекоа внимание, иако модниот бонтон вели дека очилата за сонце не треба да се носат навечер, ама кога овој ријалити-клан ги почитувал правилата?!

И Крис и Клои избраа монохроматски модни изданија, појавувајќи се во мегапопуларната розова боја. Мама Крис избра поефектна облека, додека нејзината ќерка изгледаше не толку добро во инаку модерниот стајлинг. Ким беше во црна облека, а носеше ултрамодерни длабоки чизми, сличен модел можеше да се види и на Клои.

Кортни му останува верна на готскиот стил, додека нејзиниот сопруг Тревис својот препознатлив стил го „зачини“ со поелегантна маица. Кејтлин Џенер не направи видлива промена во модата додека Кендал блесна.

Манекенката се појави во одличен фустан припиен за телото, украсен со неверојатно шик-дезен. Наједноставните сандали ѝ изгледаа премногу моќно.

Не би било лошо сите актерки од оваа приказна да одат кај неа на неколку модни лекции…

Фото: Профимедија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.