Маќеата и паштерката личат како да се близначки: „Ме нарекуваат БОЛЕН затоа што сум во љубов со жена што личи на ќерка ми!““

Што мислите вие?

Речиси секојдневно ги „бобардираат“ со омраза на социјалните мрежи.

Савана Чапин (28) му го кажа судбоносното да на Крис, кој има 44 години. Пред повеќе од една година, доби злонамерни и негативни коментари за идниот сопруг бидејќи многу личи на неговата ќерка.

Савана, мајка на три деца, е седум години постара од нејзината 21-годишна поќерка Тизи, а и двете велат дека се најдобри пријателки.

Тизи на почетокот беше многу разочарана. И јас да бев на нејзина возраст и татко ми да ми донесеше дома девојка која мене ми е поблиска по годините одошто нему, веројатно и јас ќе бев лута, пренесува The Sun.

@sav_chapin 3 truths & a lie 🙌🏼 #fypシ ♬ original sound – aeholland

Савана вели дека многу луѓе нејзиниот брак поради разликата во години го сметаат за неприфатлив. Овој необичен брачен пар е заедно четири години, а се запознале кога Савана се вработила како фризерка во салонот на Крис.

Крис во тоа време поминувал низ развод, а Савана штотуку излегла од врска. Честите средби во салонот ја поттикнале двојката да се поврзе на романтично ниво. Соработниците и пријателите ја нарекувале Савана „растурачка на бракот“, а Кирс „злоставувач“, кога дознале за нивната врска.

Без разлика на коментарите, двајцата се среќни и сега имаат три деца заедно. Најстарото дете на Крис, Тизи, е најблиско до Савана бидејќи се слични по возраст и заедно работат во семејниот салон.

Двете млади жени имаат долга, брановидна руса коса и обожаваат мода. Својата уникатна сличност ја покажуваат и на социјалните мрежи, каде што луѓето често ги споредуваат.

Сличноста е толку чудна што луѓето го обвинија Крис дека е во љубов со „клон“ на својата ќерка.

@sav_chapin True or False? 😅 #fyp #fup #stepmomlife #momtok #foryou #foryoupage ♬ original sound – aeholland

Савана и Крис открија дека ги бомбардираат со омраза и навреди во коментарите под заедничките слики.

@sav_chapin Day in the life of ur fave #agegap couple 🤍 #fyp #agegapcouple #agegaprelationship #foryoupage ♬ Send Me on My Way – Vibe Street

Меѓу коментарите, луѓето прашуваат дали Крис сака да излегува со својата ќерка, нарекувајќи го „одвратен и болен“. Савана и Крис разбираат зошто нивната врска предизвикува внимание, но тие остро ги осудија оние кои пишуваат грди работи на нивните објави на социјалните мрежи.

Савана додаде:

Ние сме само едно големо семејство. Не е важно што некој ќе каже. Среќни сме и тоа е сè што е важно.

Фото и видео: TikTok

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.