Лоши вести од домот на Надал: Бремената сопруга на тенисерот итно е примена во болница

Загриженоста за нејзината состојба е оправдана бидејќи е во 31-та недела од бременоста.

Рафаел Надал се подготвува да го „нападне“ последниот Грен слем во сезоната, УС Опен, но моментално го мачат поголеми проблеми. Имено, вчера неговата сопруга Марија Ќиска Перељо итно била примена во болницата во Палма де Мајорка, каде што живеат сопружниците.

Шпанските медиуми не наведуваат зошто завршила на клиниката, но напоменуваат дека е под надзор на лекар и дека треба итно да се оперира. Со неа се нејзините родители и нејзината најдобра пријателка, сестрата на Рафа, Марибел.

Сите се надеваат дека нема да има компликации бидејќи терминот за породување е дури крајот на октомври, пишува Hello!.

Славниот тенисер моментално е на другиот крај од светот и не може многу да ѝ помогне, но е во постојан контакт со сопругата и семејството.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.