Веднаш исфрлете ги овие 6 работи од гардероберот: Поради нив плакарот ви е хаотичен и не знаете што да облечете!

Не жалете по нив

Треба да се ослободите од овие 6 работи што порано!

Не ви требаат и само ви зафаќаат место. Ако сè уште ги чувате овие 6 работи во плакарот, време е да се ослободите од нив…

Бапски гаќички

Знаеме дека преголемите памучни гаќички се удобни, но тие се апсолутно најнепривлечното парче облека некогаш направено. Се сомневаме дека некој може да се чувствува секси во нив, па дури и ако сте Миранда Кер… Ослободете се од овие гаќички и набавете секси боксерки. Верувајте дека ќе се чувствувате многу посекси, дури и кога никој не гледа!

Износени обувки

Сите чевли на кои бојата им избледела, чии ремчиња испукале или ѓонот им изгледа како да ќе отпадне во секој момент, фрлете ги без размислување. Веруваме дека ги обожавате, но веќе одамна не се тоа што биле порано…

Мрежести чорапи и кратки маички

Обожаваме гранџ, навистина! Но овие две парчиња се едно големо НЕ кога станува збор за модата. А тоа што еден период се вратија во мода, не значи дека треба да го прифатиме со отворени раце секое парче што било популарно тој период. Мрежестите чорапи и кратки маички одамна се АУТ.

Облека што не ви одговара

Без разлика дали сте се здебелиле, ослабиле или едноставно сте се развиле, ослободете се од облеката што не ви прилега и што не ѝ ласка на вашата става. Не мора да ја фрлите, можете да му ја подарите некому, но навистина немате оправдување за да ја задржите во вашиот плакар.

Нешто што не сте го носеле со години

Секој од нас понекогаш прави некаква модна грешка и брзоплето купува нешто што ни зазема место. Ослободете се од сето она за коешто не се сеќавате кога последен пат сте го носеле и што немате план да го носите. Ако некое парче апсолутно никогаш не ви паѓа на памет како потенцијален избор за аутфит, фрлете го!

Неудобни обувки

Добро, не морате да ги фрлите, но барем подарете ги и продајте ги. И за парите што ќе ги добиете, купете некои убави и удобни. Навистина нема смисла да имате чевли кои се толку неудобни што не можете да издржите во нив ниту еден час. Колку и да се убави…

Жените постари од 45 години не треба да се облекуваат вака: Во оваа облека ќе изгледате смешно и дегутантно колку и да сте згодни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.