Уште еден моден диктат: Оливија Палермо во фустанот и чизмите кои се неприкосновен хит оваа сезона

Оливија Палермо прошетала на улиците во Њујорк во хит комбинација сезонава

Инфлуенсерката и претприемачка Оливија Палермо облекла уште една модна комбинација што предизвикува восхит.

Оливија била фотографирана како се шета по улиците на Њујорк во долг кожен фустан-мантил во придушена виолетова боја и беж кожени чизми со високи задебелени потпетици. Со целиот стајлинг совршено ја искомбинирала и марамата која ѝ послужила за да ја скрие епидемиолошката маска за лице, како и големи очила за сонце.

Не смееме да го заборавиме ни совршениот моден додаток во форма на темнозелена кожена чанта, која одлично се вклопува во целиот стајлинг.

Целата комбинација изгледа свежо, одмерено, модерно и многу шик. Всушност, онака како што и очекуваме од Оливија Палермо.

Еден пар фармерки, 3 комбинации: Оливија Палермо ни даде одлични предлози за стилизирање џинс!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.