Топ 10 модни трендови за лето 2021 година: Вака ќе се облекуваат жените со стил оваа сезона!

Совети на модни експерти

За секого по нешто

Ова лето ќе биде исклучително разновидно кога станува збор за модата. На располагање ќе имаме голем број трендови, па секоја дама ќе може да најде нешто по свој вкус. Сепак, ќе доминираат трендови што биле популарни во текот на 1990-те години. Ова лето повеќето од нив ќе се вратат на модната сцена.

Ние издвоивме топ 10 трендови што ќе го направат интересно ова лето…

1. Бела боја


Лелеавите фустани, но и фармерки во бела боја, се задолжително парче во плакарот на секоја жена со стил. Оваа нијанса секому одлично му стои, па нема зошто да не си набавите барем едно вакво парче. Освен тоа, белата е како создадена за летото и за жешките денови.

2. Цветен фустан

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zorana Jovanovic (@zorannah)


Бохо-стилот веќе одамна доминира на модната сцена, па и ова лето е незамисливо без фустан со цветен дезен. На располагање ни се сите бои, како и сите должини. Еднакво ќе бидат актуелни и мини но и макси-модели.

3. Ѕвонарки со висок струк


Фармерките што беа многу популарни во текот на 1990-те години, повторно се во центарот на вниманието. Овој ретр-стил добро ѝ стои на речиси секоја градба, а може да се носи во безброј пригоди.

4. Бермуди

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarzyna Kijowska (@katekijo)


Заборавете на ултракратките шорцеви. Оваа сезона бермудите ќе доминираат. Пошироките и поудобни модели се изборот на трендсетерките и модните експерти.

5. Кратки маички

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Céline 🦋 (@k80seemann)


Кратките маичките и асиметрични кроеви се нешто што често ќе го гледаме на улиците. Кратките маички и панталоните со висок струк се моментално добитна комбинација.

6. Плетена чанта

Додека некогаш беа резервирани за на плажа, плетените чанти последниве години станаа нашите омилени модни додатоци во летните месеци, кои со задоволство ги носиме во град, па дури и во канцеларија. Иако денес постои огромен избор на најразлични модели, за почеток ви треба класична „тоте“ торба која лесно се приспособува на сите пригоди.

7. Маици со апликација


Се сеќавате на моделите што доминираа во 1990-те години, оние со интересни апликации? Е токму таквите модели повторно се во фокусот!

8. Сандали-папучи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JESSICA SPAGNUOLO • (@_jesspa_)


Сандалите-папучи на потпетица со средна висина се единствените обувки што ви требаат. Освен што убаво изгледаат на нога, тие се и удобни па затоа заслужуваат чиста десетка.

9. Венчиња, марами и други модни додатоци за коса

Што повпечатливи тоа подобро, гласи правилото ова лето. Модните додатоци за коса се сè попопуларни. Во тренд се марамите, венчињата, па и шнолите и качкетите.

10. Миди-здолниште


Не заборавајте да си набавите и едно миди-здолниште, во кое ќе можете да го поминете денот на работа, вечерта со пријателите или да прошетате за викенд во природа.

Костим за капење што ги крие сите недостатоци: Ако имате вишок килограми, овој модел е како создаден за вас!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.