10 видови зеленчук што се садат во јуни и јули: Сè уште не е доцна!

Градинарство

Ако не сте биле многу активни во текот на пролетта и сте заборавиле да го посадите омилениот зеленчук, не очајувајте, сè уште не е доцна

Некој зеленчук добро е да се сади порано, додека одредени видови сакаат потопла земја, па подобри плодови даваат во јуни и јули.

Ако не сте подраниле, ви откриваме кои 10 видови зеленчук можете да ги посадите во текот на летните месеци и да уживате во нивните плодови за 30-тина дена.

1. Зелена салата

Ова е толку отпорна билка што можете да ја одгледувате во текот на целата година. Летните месеци се погодни за сите видови зелена салата. Единствениот недостаток е тоа што брзо „прераснува“, па ако сакате постојано да ја берете, мора да сеете нови леи на секои 20 дена. Старата салата ја корнете и фрлате, а новата ја расадувате.

2. Рдокви

Вечниот придружник на зелената салата, но и брзорастечка култура. Буквално за 20 дена од сеидбата ќе имате свежи рдокви на трпезата. Исто така, брзо пропаѓаат, па постојано мора да сеете нови.

3. Млад кромид

Единствениот непријател му се црвите, но и долгата суша. Обожава вода, па брзо ќе расте ако му обезбедите поволни услови.

4. Тиквички

Летото е време за садење, но и јадење тиквички. Покрај плодовите, можете да ги јадете и цветовите кои се вистински деликатес.

5. Грав

Ако садите пченка, задолжително посејте и грав. Тоа се две култури што совршено растат заедно и го обожаваат летниот период. Не изискуваат особено големо внимание, па можете да ги посеете и подалеку од домот, а повремено да ги раскопувате и полевате.

6. Грашок

Иако многумина сметаат дека грашокот треба да се сее во зима, тој може да напредува и налето. Посејте грашок сега и за неколку месеци ќе добиете свежи зелени зрна, кои можете да ги јадете и во салати, необработени термички. Но ако сакате порана берба на грашок во текот на пролетта, семето треба да го посеете првите зимски месеци.

7. Морков

На морковот му треба добро загреана земја, па затоа во јули и јуни забрзано расте. Пред сеидбата, добро прекопајте ја земјата, посејте го морковот и редовно полевајте го. Доброто полевање ќе му овозможи побрз раст, но и ќе даде послатки плодови.

8. Цвекло

Можете да го сеете во јули или јуни, а да го наберете за неколку месеци како младо цвекло. Ако го оставите до септември и октомври, ќе добиете тркалезни и големи производи.

9. Блитва

Ако сега посеете блитва, по само еден месец ќе ги берете првите листови. Подоцна (во текот на летните месеци) посеаната блитва може да презими и првите нови листови да ги роди на почеток на рана пролет.

10. Зелка, карфиол, брокули

Сите видови зелка може да се сеат и пресадуваат во текот на летните месеци и совршено да раѓаат плодови. Заштитете ги од штетници и не грижете се за приносот.

Тиквичките најдобро успеваат кога ќе се посадат во канти или саксии: Еве како да ги одгледувате на тераса!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.