Тесниот фустан на Скарлет Јохансон откри тетоважа со посебно значење (ФОТО)

А и нејзината совршена фигура!

Фото: Getty Images

Центар на филмскиот, но и на модниот свет изминативе денови беше Венеција, каде што се одржува популарниот филмски фестивал „Мостра“. Втората фестивалска вечер се одржа премиерата на филмот Marriage Story во кој главната улога ја игра Скарлет Јохансон, која на црвениот килим ја покажа необичната тетоважа, која го краси нејзиниот грб.

Имено, актерката блесна во црвен, тесен фустан Celine, со длабок шлиц и отворен грб, кој освен што ја истакна нејзината беспрекорна става, откри и две нови тетоважи – голема ружа и јагне.

Според пишувањето на странските медиуми, новите тетоважи и’ се посветени на тригодишната ќерка Роуз.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.