Се скарала со сопругот, па го облекла најубавиот фустан: Кога жената е најнесреќна, тогаш треба да изгледа најдобро!

Одмазднички фустан

Џенифер Лопез никогаш не изгледала подобро од вчера кога се појавила на црвениот килим облечена во еден од најубавите фустани што го носела досега

Џенифер Лопез вчера ѝ врачила награда на жената која со години ја тренира, Трејси Андерсон, и за таа пригода облекла прекрасен цветен фустан што ги засенил сите нејзини појавувања на црвениот килим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Тесен, деколтиран фустан во фламенко стил до подот, со тоа што во предниот дел имал изрез до колената, па Џенифер Лопез ја покажала својата атрактивна става во полн сјај.

Што друго да кажеме освен: „Браво Трејси Андерсон, направи божица од 54-годишна жена!“

Само еден ден пред да се појави на овој гламурозен настан, Џенифер Лопез била фотографирана како се расправа со сопругот Бен Афлек во автомобилот со гневен израз на лицето.

Двојката се венча пред една година откако ја обнови врската започната од пред 20 години.

Иако тие се обидуваат да претстават дека не постои посреќен пар од нив, обожавателите немаат такво чувство, со оглед на тоа што во јавност се однесуваат како да се пред развод.

Од друга страна, Бен Афлек кога е во друштва на поранешната сопруга Џенифер Гарнер, секогаш е насмеан и срдечен. Дури и се прегрнале во автомобил, а папараците го уловиле сето тоа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.