Модно координирани: Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац ја воодушевија јавноста, а овој детаљ го коментираат сите! (ФОТО)

Иако важи за еден од најубавите ергени на јавната сцена, срцето на Саша Ковачевиќ одамна е зафатено. Имено, познатиот пејач со години ужива во хармонична врска со Зоран Тасовац, која ретко се појавува во јавноста.

Сепак, Саша и Зорана неодамна се појавија во еден белградски ресторан и привлекоа невидено внимание со своите модни комбинации.

Имено, пејачот за оваа пригода избра кариран син костум, а целиот стајлинг го заокружи со класична бела кошула, ддоека, пак, посебен шарм на целата комбинација ѝ дадоа рамните патики во иста нијанса како оделото. Како додатоци, тој донесоа очилата за сонце и ефектниот часовник за да го комплетира овој елегантен аутфит.

Од друга страна, Зорана блесна во сино-бела комбинација. Белите панталони кои одлично ја истакнуваа нејзината вита линија ги усогласи со бела блуза над која носеше карирана кроп-сако во светлосина нијанса. Избраничката на Саша ја заокружи оваа нежна модна комбинација со салонки кои одговараа со сакото и со класична чантичка.

Јас и Зорана живееме како да сме во брак. Нашата свадба ќе биде интимна, на егзотична локација далеку од Србија. Хартијата не ми е важна, но дефинитивно планирам да се оженам – изјави пејачот

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.