Меланија Трамп во јакничка што ќе биде хит есенва: Го нагласува струкот и идеална е за прелазниот период!

Трендсетерките го обожаваат овој модел

Првата дама на Америка облекла едноставна, но ефективна модна комбинација

Меланија Трамп (50) ја посетила пожарникарската единица во Манчестер, американски град во сојузната држава Њу Хемпшир, каде што разговарала со тамошниот шеф кој помага околу вработувањето зависници од дрога.

Потоа, разговарала и со мајка му, која води тешка борба со зависноста.

Во согласност со сериозната пригода, првата дама на Америка облекла беж панталони во комбинација со кафеава јакна од брусена кожа, која се врзува околу половината.

Овој модел на јакничка е дело на помалку познатиот бренд Ели Тахари, а ќе биде хит оваа есен и претстојната зима помеѓу трендсетерките.

Комбинацијата ја надополнила со кафеави потпетици кои ги обожава и не ги изостава дури ни за време на патувањата.

Доказ дека Меланија Трамп може да облече што и да посака: Бел фустан во кој сè се оцртува!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.