Пилешки паприкаш: Јадење што го јакне телото, го штити од болести и го подобрува варењето!

Здрав оброк

Нема ништо поздраво и повкусно од готвено јадење – исклучително важно е секој ден барем еден оброк да ви биде на лажица

Состојки:
  • 500 г пилешко месо
  • 500 г компир
  • 1 јајце
  • лавров лист
  • 2 моркова
  • 1 главица кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 1 шолја домат, варен или мелен
  • 1 лажиче зачинска пиперка
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажица гриз
  • 1 лажица сув зачин
  • 50 мл масло
  • лист од магдонос
  • сол и бибер
Приготвување:

На масло динстајте сечкан кромид, додајте сечкан морков, како и сечкана зелена пиперка. Кога ќе се издинста, додајте го пилешкото па продолжете со динстање. Додајте зачинска пиперка, сув зачин, сол, лавров лист и варен домат, па прелејте со вода.

Кога месото ќе се свари, изматете јајце во помала чинија со лажица брашно и малку гриз, додајте многу малку вода и 1 лажиче масло, па изедначете.

Со лажица вадете кнедли и ставајте ги во паприкашот. Оставете го да се готви уште 10 минути додека омекнат кнедлите. Додајте малку бибер и лист од магдонос.

Течно и убаво: Пилешки паприкаш со печурки
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.