Хеланки со ремче за петицата се врвен хит: Еве како да ги комбинирате
Ријана ги носи вака!
Сите поминавме низ фазата омилените хеланки да ги комбинираме во секојдневниот аутфит, затоа што ни е многу удобно во нив, а не ги соблекуваме и низ дома (особено во зима).
View this post on Instagram
Модните икони, меѓу кои спаѓа и бремената Ријана, сè уште го имаат совршеното решение за нашата зависност од ова удобно парче облека, кое оваа сезона е унапредено со еден шик-детаљ: ремче за петицата.
Имено, Ријана се појави во хеланки The Attico, кои ги спои со интересен топ на Jean Paul Gaultier, кој се заврзува со врвки на предната страна, па на тој начин го открива нејзиниот труднички стомак. Одозгора, Рири носеше јакна од Кархарт, а севкупниот стајлинг го заокружи со црни потпетици од Џими Чу врз кои го провлече ремчето.
View this post on Instagram
Во продолжение, погледнете како можете да ги комбинирате и вклучете ги во својот секојдневен стајлинг!
Фото: Инстаграм