Елегантна и софистицирана: Кралицата Летиција добила уште една петка за стилот!

Модна инспирација

Шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе Шести ја посетиле Кралската фабрика за таписерија во Мадрид по повод големиот јубилеј – фабриката оваа година слави 300 години од своето постоење

По потпишувањето на Мировниот договор од Утрехт, Шпанија останала без белгиската територија на која имало и бројни работилници за таписерија. Затоа, шпанскиот крал Фелипе Петти одлучил да направи фабрика во Мадрид и да донесе врвен таписер од Антверп.

Славниот шпански сликар Франциско Гоја цртал илустрации според кои биле правени таписерии за кралските палати Ел Ескориал и Ел Пардо, а тие илустрации и денес може да се погледнат во мадридскиот музеј Прадо.

Летиција и Фелипе прошетале во фабриката и разговарале со работниците кои се обиделе барем малку да им ја доближат уметноста на изработувањето величествени таписерии.

 

Кралицата, како и секогаш, била олицетворение на беспрекорна деловна елеганција во едноставна и умерена модна комбинација.

Карираното сиво здолниште го надополнила со тенок ремен кој го искомбинирала со црна свилена блуза, класични салонки во иста боја и мала чанта.

Како ви се допаѓа овој стајлинг на прекрасната кралица Летиција?

Совршен стајлинг за жени во зрелите години: Кралицата Летиција направила полн погодок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.