Балетанките се тренд број 1 оваа пролет и лето: Еве како да ги носите!

Хит-тренд

Погледнете некои од предлозите како да носите балетанки оваа сезона во различни пригоди и стилови

Иако претходниве неколку години балетанките не беа главен моден избор, оваа година се апсолутен хит! Се вратија на модната сцена со стил, а лесно ќе ги вклопите овие безвременски чевли во сите стајлинзи.

Имаат класичен дизајн, па слободно ископајте го од дното на плакарот омилениот модел на балетанки што долго не сте ги носеле, бидејќи нема да погрешите ако ги одберете за прошетка низ град или за на работа. Совршен избор се за фармерки со должина до глуждови, кратки панталони или лелеави миди-фустани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balaia (@balaia_)


Балетанките отсекогаш биле симбол за Французинките, жените со најдобар стил, како што често се нарекуваат. Уште од времето на Брижит Бардо, балетанките излегоа од балетските студија на улиците и го освоија срцето на многу жени. Прекрасната Брижит ги носеше во филмот Juliette кој ја направи ѕвезда на големиот екран, но и во хитот од 1956 „И бог ја создаде жената“, како и на премиерите на филмовите.

Оттогаш балетанките се синоним за лежерна елеганција, а ги обожаваше и холивудската икона Одри Хепберн, која ги носеше буквално со сè.

Денес се достапни во сите бои, дезени и материјали, но копнееме само по едни: оние на „Шанел“ кои се појавија во продажба во далечната 1984.

Во продолжение погледнете неколку идеи како оваа пролет и лето да носите балетанки!

Асоцира на луксуз и моќ: Ова е најпопуларната боја за пролетната сезона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.