Александра елегантна на Филмскиот фестивал во Венеција: Покажа како се носи мини-фустан, а тоа да изгледа стилски

Изгледот што го сакаме

Александра Амбросио ни даде совршена идеја за носење мини-фустан.

Александра Амбросио, познатата бразилска манекенка, дел од летото го помина во Белград, по што се врати во Америка, а сега е на европска почва.

Филмскиот фестивал во Венеција започна 31 август и ќе трае до 10 септември, а на црвениот тепих ќе прошетаат многубројни познати личности. Една од нив е манекенката Александра Амбросио.

Фото: Профимедија

Таа уште првиот ден привлече големо внимание со внимателно одбраниот стајлинг. Манекенката во текот на денот се фотографираше во бел мини-фустан од тантела, на нозете носеше бели сандали со висока потпетица, популарен модел со ремчиња кои се врзуваат околу глуждот.

Целиот изглед го заокружи со беж, мини-чанта и елегантна бела јакна/сако наметната врз нејзините раменици.

Со овој избор Александра покажа дека мини-фустанот може да изгледа екстремно мал доколку врз него облечеме предимензионирано сако.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.