ТЕСТ: Што забележувате прво на сликата – делфин или лисица? (ФОТО)

Несвесниот ум опфаќа ментални процеси кои ѝ се недостапни на свеста, но кои влијаат на расудувањето, чувствата или однесувањето.

Според таткото на психоанализата Сигмунт Фројд, несвесниот ум е примарен извор на сè во човековото однесување. Тој сметал дека најважниот дел од умот е токму оној „скриен” дел и дека нашите чувства, мотиви и одлуки се под влијание на нашите минати искуства, зачувани во несвесниот ум.

За да дознаете што се крие во вашата потсвест, решете го овој тест:

Што здогледавте прво – лисица или делфин?

Кое животно прво ви падна во очи: Што значи ако прво сте забележале ДЕЛФИН, а што ЛИСИЦА?

Лисица – вие сте позитивни и романтични

Ако прво ја забележавте лисицата, вие сте позитивни и романтични по природа. Оваа слика претставува илузија на зајдисонце поради портокаловата боја, а на втор поглед станува слика од животно. Вие имате силна врска со природата и барате некој со исти животни вредности.

Врски: слободата за вас е многу важна. Не ви пречат долгорочните врски сè додека не се чувствувате заробено во нив.

Делфин – вие сте интелигентни и смирени

Доколку прво забележавте делфин, вие имате софистициран карактер. Сакате големо семејство и се грижите за сите, дури и за своите роднини на кои никогаш не им ги заборавате родендените. Љубезноста, мирот и хармонијата го опишуваат вашиот карактер.

Врски: што се однесува до вашиот љубовен живот, барате интелигентна и мирна личност. Многу сте шармантни и луѓето обожуваат да бидат околу вас.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.