Сократов метод за откривање вистинска љубов: Во случај на пожар, кого ќе спасите – сопругата или детето?

Задолжително прочитајте!

Можеби сите би биле посреќни, кога тато и мама би се сакале малку повеќе?!

Сократ многу често им го поставувал следново прашање на своите сограѓани: „Ако дојде до пожар, а можеш да спасиш само една личност, кого би спасил? Жената или детето?“

Сите мажи му одговарале со: „Детето, секако!“

Сократ на тоа им велел: „Јас би ја спасил жена ми. Ќе остариме заедно, а таа би ми родила уште деца. Ако го спасам детето, тоа би било трагедија и вечна тага и за него и за мене. Секогаш би се сеќавале на трагедијата. Детето би изгубило мајка, можеби би добило маќеа, која не би го сакала како мајка…“

Една жена, истово прашање му го поставила на својот сопруг.

„Детето! Сигурно би го спасил детето! Тоа е незаштитено и мало“, одговорил мажот како од пушка.

Сопругата му раскажала за Сократ и долго разговарале на оваа тема.

Утредента секој отишол на работа, а децата на училиште. Кога жената се вратила дома, сопругот и’ кажал:

„За малку ќе ме убиеја денес на работа! На паузата за ручек им го поставив ова прашање на колегите. Сите одговорија дека би го спасиле детето. Јас им кажав дека истото го одговорив и јас, но дека Сократ ме убедил, па на крајот сум го сменил мислењето.

Никој не ручаше, започна општа расправа. Се вклучија и жените од сметководство. Почнаа да галамат: ’Дали сте нормални? Секако дека ќе го спасите детето, тоа е ваша крв! Жената секогаш може да се замени! Среќа дојде шефот и ја прекина караницата“

Утредента, мажот отишол на работа и почнал да разговара со портирот, кој бил пензионер. Портирот го прашал зошто сите галамеле на паузата за ручек претходниот ден. Мажот му раскажал за Сократовото прашање.

Портирот одговорил на следниов начин:

„Јас и жена ми сме во брак 40 години. Имаме три сина, пет внучиња. Ја изградивме нашата куќа со сопствени раце. И децата и внуците редовно не’ посетуваат. Јас сепак би ја спасил својата сопруга.

Децата се само гости во нашите животи, во нашиот дом. Да, јас ги сакам и тие не’ сакаат нас. Сите ние сме потрошна роба. Кога би требало да бирам, би одбрал да умрам покрај својата сопруга.“

Можеби разводите се толку чести, бидејќи не ги цениме сопружниците доволно. Можеби центарот на нашиот свет не би требало да се децата, туку нашиот брачен партнер. Можеби сите би биле посреќни кога мама и тато би се сакале малку повеќе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.