Овие хороскопски знаци нема да ве фасцинираат на првото рандеву, но заслужуваат втора шанса!

Не оставаат добар прв впечаток!

Хороскопот влијае на многу наши карактерни особини, кои честопати не вовлекуваат во разни незгоди

Припадниците на овие хороскопски знаци честопати го упропастуваат првото рандеву, но дефинитивно вреди да им дадете втора шанса!

Рак

Раковите имаат прилично затворена природа, па при секое запознавање со нова личност многу се збунуваат и вознемируваат. Во овие ситуации обично се повлечени и молчаливи, па знаат да делуваат незаинтересирано, но работите значително ќе се променат ако им дадете само уште една шанса.

Девица

Девиците на првото рандеву се многу пресметани и внимаваат на секој свој изговорен збор. Тоа е еден вид одбранбен механизам, бидејќи се плашат да не погрешат. Доколку им дадете втора шанса, значително ќе го поправат впечатокот.

Риби

Рибите многу тешко ги контролираат своите емоции, а тие посебно доаѓаат до израз кога се нервозни. Наглите промени во расположението можат да ја наведат личноста со која излегле да помисли дека се нестабилни. Дури на вториот состанок, тие ќе заборават на нервозата и тремата и сосема спонтано ќе ви влезат под кожа.

Бик

Биковите не се спонтани и секоја промена ги исфрла од колосек. Ако сте човек од иницијатива, можеби ќе се судрите со мрзоволниот и тврдоглав Бик, но кога тој ќе се навикне малку на вас, можеби и ќе ви се допадне редот, што припадниците на овој знак го претпочитаат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.