Му требале години да ја преболи: Ова е единствената жена што Џорџ Клуни ја сакал пред Амал!

Непреболена љубов

Врската со прекрасната актерка за него била најважна

Кели Престон важела за една од најубавите жени во Холивуд, додека Џорџ Клуни бил еден од главните заводници. Сепак, ретко се зборува за нивната љубовна приказна.

Џорџ Клуни со години е во брак со Амал Аламудин, со која ги добил близнаците Александар и Ела, но и понатаму постојат луѓе што се сеќаваат дека некогаш одамна, врската со прекрасната Кели Престон за него била најважна, како што и самиот признал.

Доцните 1980-ти години на 20 век биле прилично турбулентни за љубовниот живот на Кели. Таа тогаш била омажена со Кевин Гејџ, но како што изјавила самата, тоа веројатно и не било среќен брак. Всушност, тие се развеле во 1987 година, по две години брачен живот. И додека Кели ги полнела медиумските страници поради своите улоги во хит-филмовите Twins и Space Camp, а Џорџ глумел во Roseanne, тоа било вистинското време за да им се вкрстат патиштата на овие ѕвезди.

Џорџ и Кели се сретнале откако веќе се распаднал нејзиниот брак со Гејџ, а тоа се случило кога нивниот агент ги поканил на истата забава.

Џорџ ја поканил Кели да се повозат со неговиот мотор „Харли Дејвидсон“, а актерката признала дека била маѓепсана по тоа возење.

Многу брзо оваа славна двојка се одлучила и за заеднички живот. Сепак, колку и да се сакале, нивната љубовна приказна не траела долго.

По раскинувањето Кели била во врска со Чарли Шин, со кого кратко време била и свршена. Подоцна се омажила за Џон Траволта, а нивната приказна долга неколку децении е особено фасцинантна.

На Кели ѝ бил дијагностициран рак на дојка, од што и починала минатата година. Траволта тогаш со солзи објавил дека ја изгубила двегодишната борба со карциномот.

Интересно е тоа што и Џорџ и Кели на своите ќерки, од браковите со Амал Аламудин и Џон Траволта, им го дале истото име – Ела…

Ја воодушевил колешката: Еве што им порачува Џорџ Клуни на жените со вишок килограми!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.