Кога актерката започнала врска со 32 години постара колешка, сите се шокирале: „Обожавам постари лица!“

Актерката признала дека е лудо вљубена

„Моја една и единствена љубов“, Сара Полсон ѝ ги посветила овие емотивни зборови на својата партнерка Холанд Тејлор за роденден

Девојката на холивудската ѕвезда, на трогателен начин ѝ го честитала нејзиниот 81. роденден.

Холанд Тејлор, актерката позната по многуте улоги во хумористични серии, на 14. јануари зачекорила во деветтата деценија од животот. Нејзината девојка, исто така талентирана актерка, Сара Полсон, по тој повод одлучила да се присети на најинтересните, најемотивните и најважните моменти од нивниот заеднички живот и на тој начин да му покаже на светот колку е голема нивната љубов.

На социјалната мрежа Инстаграм таа споделила нивни фотографии и спомени, нагласувајќи колку е среќна што покрај себе има една и единствена вистинска љубов.

Тие се жив доказ дека може да постои нераскинлива поврзаност. Иако патиштата им се вкрстиле уште во далечната 2005 година, тогаш и двете биле во врска со други луѓе, па запловиле во романса дури 10 години подоцна.

Низ годините, Холанд и Сара отворено ја споделувале својата љубовна приказна со јавноста. Во многу интервјуа и јавни настапи имаат зборувано за стабилноста на нивната врска и поврзаноста што постои меѓу нив на повеќе нивоа.

Иако претходниот љубовен живот на Холанд Тејлор е непознат, таа во 2020 година се идентификувала како припадничка на ЛГБТ заедницата. Од друга страна, Сара Полсон била во седумгодишна врска со Чери Џонс, а била и свршена со Трејси Летс. Во едно интервју од 2016 година, Сара објаснила дека нејзината сексуалност е флуидна, но дека чувствува силна привлечност кон повозрасни лица, што смета дека е последица на нејзиниот комплициран семеен живот.

Роденденската честитка на актерката уште еднаш докажува дека постојат љубовни приказни што го издржуваат тестот на времето, како и дека љубовта може да ги победи годините и да им пркоси на општествените очекувања.

Вака започнала најскандалозната љубовна приказна во Холивуд: На актерките воопшто не им пречи разликата од 32 години!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.