Вака започнала најскандалозната љубовна приказна во Холивуд: На актерките воопшто не им пречи разликата од 32 години!

Љубов посилна од сè

„Холанд е најубавата жена што некогаш сум ја видела, и покрај големата разлика од 32 години“, рекла Сара

Актерките Сара Полсон и Холанд Тејлор се вљубиле во 2015 година, а веста дека запловиле во емотивна врска ја шокирала јавноста. Иако хомосексуалните врски не се реткост во Холивуд, сепак нивната приказна сите ги интригира.

Додека Сара има 47 години, Холанд наполнила 79.

Нивната љубовна приказна започнала на Твитер, но запознале се 12 години претходно на една вечера. Сепак, дури во 2015 година стапиле во контакт преку Твитер, каде што Сара прва ѝ испратила приватна порака на Холанд.

„Како се запознавме… Тоа е многу долга приказна која започна одамна додека бев во врска со друга личност. Се запознавме на хуманитарна вечера и веднаш кликнавме“, се присетила Сара, која во едно интервју од 2016 признала дека Холанд е најубавата жена што некогаш ја видела, и покрај големата разлика од 32 години.

„Не планирав да се вљубам токму во неа. Зошто им е тоа интересно на луѓето? Затоа што е необично. Ако мојот живот и приказна инспирираат некого, тоа не може да биде лошо“, заклучила актерката.

Како што се наведува, таа и пред Холанд сакала постари жени.

Сара од 2004 до 2009 година била во врска со актерката Чери Џоунс, а своевремено открила дека се разделиле, бидејќи не делеле исти животни размислувања во тој момент.

„Јас имав 34 години и кога раскинавме се прашував што ќе правам сега. Таа имаше 52 години и беше многу посмирена, бидејќи имала сериозни врски и пред мене. Јас бев емотивно многу понестабилна од неа, но останавме во добри односи и по раскинувањето. Само што се вратив од кај неа, останавме пријателки.“

Сепак, пред овие повозрасни актерки, Сара била во врска со мажи, дури и била свршена со колегата Трејси Летс.

„Кога луѓето ќе ме видат со Холанд, мислат дека имам трауми од детството поврзани со мајка ми. Овде нема скриени намери, се грижиме една за друга. Имам среќа што сум во врска со некој кој е постар и попаметен од мене“, раскажала Сара Полсон во една пригода.

Од друга страна, Холанд Тејлор открила дека нејзиниот љубовен живот никогаш не бил јавен пред да започне врска со Сара.

„Врската со Сара стана јавна, бидејќи таа беше огромна ѕвезда, а јас донекаде позната. Тоа беше голема вест и не ја негирав. Ја чувам мојата приватност, но не можам да сокријам сè. Живеам јавен живот. Мислам дека имав 29 или 30 години кога првпат започнав врска со жена, но не зборував за тоа. Никогаш не би ни помислила дека ќе зборувам за мојот приватен живот во интервју“, се присетила Холанд.

Љубовта не познава граници: Еве зошто мажите ги обожаваат врските со повозрасни жени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.