Како се менува телото на жената по долга апстиненција?

Сексуалната апстиненција е сложено прашање…

Сексуалната апстиненција е сложено прашање и сè уште нема јасен, недвосмислен одговор дали е тоа корисно за телото или не. Оние кои тврдат дека не треба да се прават долги паузи во сексуалната активност се водат од фактот дека сексот е физичка потреба на телото која треба да се задоволи за да се спречат психички и физички проблеми. Од друга страна, има луѓе кои ја поддржуваат сексуалната апстиненција. Тие најмногу наведуваат примери на монаси кои живеејќи без секс успеваат да одржат добро здравје и да живеат долг живот. Во следниов текст дознајте како се менува телото на жената по долга апстиненција.

Имунолошкиот систем слабее

Активниот сексуален живот позитивно влијае на имунолошкиот систем кај жените. Затоа, при долготрајна сексуална апстиненција, може да ослабне. Поради ова, женското тело може да биде поподложно на инфекции и болести

Намалено либидо

Долг период на апстиненција може да ја намали сексуалната желба бидејќи хормоналната реакција на телото на возбудување се намалува. Оние кои почесто имаат секс може да забележат дека им се зголемува либидото, додека оние кои прават подолга пауза имаат се помалку желба.

Повеќе стрес

Познато е дека сексот е еден од начините за ослободување од стресот. Затоа, апстиненцијата од секс може да доведе до зголемување на нивото на стрес и намалена способност за справување со секојдневните стравови и непредвидени ситуации. Личноста која нема редовен секс може да доживее и разочарување и сомнеж во себе.

Кардиоваскуларни заболувања

Редовната сексуална активност може да игра улога во кардиоваскуларното здравје. Тоа е физичка активност која помага во зајакнување на срцевиот мускул, крвните садови и го намалува ризикот од срцев удар. Ова може да се замени со редовен тренинг.

На жената може да и треба подолго време за да се возбуди

Редовниот секс ги активира гениталиите и процесот на возбудување при кој вулвата и вагината стануваат влажни се одвива побрзо кога сексуалната активност е редовна. Кога жената немала секс подолго време, може да се случи да и треба повеќе време за да се возбуди за време на предиграта и сексот.

Намален ризик од сексуално преносливи болести и несакана бременост

СПБ и несакана бременост не може да ви се случат кога немате секс. Покрај тоа, сексуалната апстиненција штити од уринарни инфекции предизвикани од сексуално преносливи бактерии. Меѓутоа, уринарните инфекции може да се појават и без сексуален контакт. Важно е да знаете дека можете да се заштитите од овие проблеми со користење на соодветна заштита.

Стагнација на развој на интелигенција

Научниците открија дека редовната сексуална активност го стимулира растот на мозочните неврони и ја подобрува функцијата на мозокот.

Чувство на непријатност

Долготрајната сексуална апстиненција предизвикува вагиналните ткива да се одвикнат од релаксација како одговор на возбудувањето. Затоа некои жени се чувствуваат непријатно при сексуален контакт после сексуална апстиненција. Ова е една од најважните недостатоци на сексуалниот контакт кај жените.

Сексот оправдано се смета за неопходен за здрав живот бидејќи ви помага да се ослободите од стресот, да бидете поопуштени и порасположени, но и имуни на разни болести. Редовниот секс има многу придобивки и ако го избегнувате, ја избегнувате и можноста да уживате во тие придобивки. Иако сексот има свои недостатоци, тие лесно се избегнуваат со користење на соодветна заштита.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.