Како да се подготвите за нова врска по разводот?

За многу разведени жени промената на статусот на нивната врска од „мажена“ во „разведена“ може да биде застрашувачка...

Во зависност од должината на бракот и можните компликации околу разводот, самата помисла за влегување во нова врска може да ја направи жената нервозна, исплашена и многу самокритична. Овие чувства често ги тераат жените да се откажат од излегувањето и запознавањето нови луѓе. Но секако, ако пристапите правилно, влегувањето во врска по разводот не мора да биде трауматично искуство.

Следете ги нашите совети за безбедно и без каење да влезете во нова врска.

1. Бидете подготвени

По разводот, не можете да препознаете кога е вистинското време, а кога не е да влезете во нова врска. Една од најлошите работи што една жена може да ја направи е да скокне во нова врска кога не е подготвена за таков чекор. Иако пријателите па дури и семејството ве „масираат“ и буквално ви туркаат нов маж во прегратка запомнете, само вие знаете кога е вистинското време повторно да се заљубите.

2. Полека, не брзајте

Само затоа што сте почнале да излегувате и повторно да се гледате со некого, не значи дека треба веднаш да влезете во сериозна врска. Барањето на „тоа нешто“ кај некого откако штотуку сте почнале да се гледате не треба да ви биде приоритет. Забавете и прво запознајте го новиот партнер и на тој начин малку ќе се опуштите и ќе си ја вратите самодовербата.

3. Не барајте маж како вашиот поранешен сопруг

Во зависност од околностите на разводот, некои жени може да бараат тип на маж како нивниот поранешен сопруг. Намерно или не, новиот партнер не треба да биде замена за поранешниот сопруг. Исто така, една од најголемите грешки што можете да ја направите е да продолжите да се враќате или да се задржувате предолго на темата за вашиот поранешен брак.

За многу луѓе влегувањето во нова врска по разводот е навистина голем чекор во животот. Иако самата помисла изгледа страшна, искуството да се биде во нова врска може да биде навистина пријатно. Клучот за повторно влегување во светот на слободните лежи во вашата подготвеност да продолжите понатаму и да ги оставите грдите спомени зад себе.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.