Како да поставите граници за здрава и долготрајна врска?

Овие работи се клучни за здрава врска!

Здравите граници се одраз на вашите принципи, правила и насоки што самите си ги поставувате. Пробивањето на тие граници се случува кога вашиот партнер не ги почитува, игнорира или не е свесен за тие принципи или лични потреби.

Како да поставите здрави граници и да ја подобрите вашата врска!

1. Научете да кажувате „не“

Можеби ќе ви биде полесно да ги жртвувате вашите потреби за партнерoт од страв да не го вознемирите. Меѓутоа, ако партнерот ве замоли да направите нешто што е спротивно на вашите принципи, не го почитува вашето време или ве принудува да жртвувате нешто важно, во ред е да кажете не.

2. Барајте почит

Заслужувате љубезност и љубезна комуникација. Ако сметате дека вашиот партнер зборува од неоправдан гнев или непочитување, имате право да го прекинете разговорот. Дајте му до знаење дека ако сака да разговарате, тоа мора да доаѓа од место на почит.

3. Пронаоѓање на вашиот идентитет надвор од врската

Кодезависноста може да доведе до спојување на идентитети. „Јас“ станува „ние“ и „ти“ се губи во заедницата. Запомнете дека вие не сте само една половина од една целина, туку индивидуа која има свои желби, потреби, ставови, хоби… Во ред е да ја задржите вашата индивидуалност иако сте во врска.

4. Барање простор

Понекогаш само треба да бидеме сами кога поминуваме низ емоционална бура. Во врска, може да изгледа како никогаш да не сте биле сами. Барањето простор од партнерот може да изгледа како да го туркате од себе, иако тоа не е вашата намера.

Времето кое го поминувате со себе е клучно за одржување на сопствениот идентитет и за решавање на проблемите. Но, за да избегнете недоразбирање, отворено кажете му на партнерот како се чувствувате и зошто треба да бидете сами некое време.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.