Цеца остана без вилата: Ќе се урне до темел, а еве каде ќе живее (ФОТО)

Наскоро ќе се реновира вилата на пејачката

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ поседува вила на Кипар во која го поминува секое лето.

Сепак, фолк-пејачката годинава се впушти во целосна реконструкција на својата вила што ја поседува на Кипар.

За комплетниот проект ја ангажирала компанијата на својата кума Виолета Вики Миљковиќ.

Како што пренесува Телеграф.рс, Цеца е решена целосно да ја сруши старата зграда и на истото место да изгради нова, уште поголема.

Пред две години, Вики престојуваше на Кипар за да види што треба да се направи. Тимот архитекти го кажа своето мислење, но на крајот Цеца одлучи да ја урне вилата и на истото место да изгради нова, многу поголема, дури 600 метри квадратни – изјави изворот за споменатиот медиум и додаде:

Изготвен е нацрт на целосно новата вила и испратен до градежната инспекција. Бидејќи станува збор за уривање на објектот и за изградба на нов, процесот за добивање дозвола за почеток на работите е подолг. Значи, Цеца не ни почна со реновирање на вилата, таа работа допрва ја чека – ја завршува приказната изворот.

Според дополнителни информации, новата вила ќе има три ката, на третиот кат е предвиден спа-центар. Ќе постават џакузи од кое ќе имаат директен поглед кон морето.

Фолк-ѕвездата наводно планира многу промени во својата летна оаза на мирот, но засега нема да го допира базенот што го има во дворот.

На приземјето ќе има огромна дневна соба со камин, бидејќи Цеца сака да ја посетува куќата и во зима, а не само во лето, како досега. Горе, по реновирањето, секоја спална соба ќе има сопствена бања.

Во вилата ќе биде поставен лифт со кој гостите полесно ќе се движат по катовите.

За потсетување, Цеца во неколку наврати изјави дека дизајнот на ентериер е нејзино хоби и дека сака да учествува во украсувањето на нејзините станбени згради.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.