Неверојатната куќа на Лив Тајлер среде Њујорк: Таа дефинитивно не е типична холивудска ѕвезда! (ВИДЕО)

Прекрасно!

Таа е харизматична, креативна и неверојатно кул – а таква ѝ е и куќата

Лив Тајлер живее можеби во најшармантната улица на Менхетен последниве две децении, на која многупати била фотографирана од страна на папараците додека купува весници, кафе, го шета кучето или ги носи децата на училиште.

Со оглед на тоа што пораснала во Мејн, познат по најдобриот јастог на светот, вели дека улицата во Њујорк ја враќа во детството затоа што тука се наоѓаат најубавите ресторани каде што може да купи сè што ќе ѝ падне на памет, па и совршен јастог што ја потсетува на детството.

Иако поседува уште неколку недвижнини, вели дека домот ѝ е токму во Њујорк, па така не изненадува фактот што прекрасната актерка и ќерка на рокерот Стивен Тајлер, го уредила својот дом со сите оние ситници што ја потсетуваат на убавите периоди во животот.

Трикатната вила или townhouse, како што ја нарекуваат њујорчани, е изградена кон крајот на 1800-тата година, па кога ја купила, знаела дека ја чека многу работа, но успеала да го зачува нејзиниот старински дух и истовремено да ја направи практична за својот живот со децата.

Погледнете ги следниве фотографии и видеото во кое токму Лив Тајлер ќе ве одведе на тура низ нејзината куќа…

Ова е фасцинантната вила во која живее Гвинет Палтроу: Ентериерот ќе ве остави без здив! (видео)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.