Пролетна чорба од коприва, одлично јадење за сите кои се анемични!

Здраво и вкусно…

Супата од млада коприва е богата со железо, одличен избор за луѓе со анемија, но и за гурманите – вкусна е!

Состојки:

  • 2 моркови
  • 200 гр корен од целер
  • 200 гр коприва
  • грст лисја од целер
  • грст млад грашок
  • Кисела павлака
  • малку масло, сол

Подготовка:

Целерот и морковот изрендајте ги, а копривата и листовите целер ситно исечкајте ги.
На малку масло пропржете го целиот сечкан зеленчук и додадете го грашокот.
Посолете по вкус и прелијте со 1,2 l вода.
Гответе на тивок оган додека супата не зоврие.
Сварениот зеленчук изблендирајте го и
послужете со кисела павлака.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.