За успешен почеток на неделата: Смуди од моркови и банани

Идеално за јакнење на имунитетот!

Ова смуди е вистинска витаминска бомба од 7 состојки

Потребни состојки:
  • 3 моркови
  • 1 банана
  • 140 грама ананас
  • ½ лажичка свежо рендан ѓумбир
  • ¼ лажичка куркума
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 3 децилитри бадемово млеко
Приготвување:

Излупете ги, измијте ги и ситно исечкајте ги морковите. Ставете ги во блендер со малку вода и мешајте додека не добиете густ сок од моркови.

Во сокот додајте ги останатите состојки ситно сечкани и бадемово млеко. Измешајте, па додајте лимонов сок, ѓумбир и куркума. Повторно мешајте додека не добиете густа смеса.

Ова смуди треба да ви биде првиот оброк во денот, а наша препорака е да го пробате и ова смуди за намалување на апетитот.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.