Овој рецепт за лосос во бел сос е идеален за оние кои се на посебен режим на исхрана
Потребни состојки:
- филе од лосос
- прстофат сол и бибер
- 2 лажици маслиново масло
За сосот:
- 3 децилитри јогурт
- малку свежо рендан ѓумбир
- 2 чешниња лук
- 4 лажички сенф
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте огноотпорен сад со маслиново масло. Зачинете го филето од лосос со сол и бибер и ставете го во рерна. Печете го околу 20 минути.
За тоа време, направете го сосот така што ќе измешајте јогурт, ситно рендан ѓумбир, лук, сенф, сол и бибер.
Прелијте ја испечената риба со бел сос и послужете ја топла.
Ви предлагаме да го пробате и овој лосос подготвен на јапонски начин.