Почнува февруарската „У&З-лавина од подароци“: Комплетна нега за 1 читателка

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Драги дами, работната недела ја почнуваме со подарок за една читателка на новиот број на „Убавина и здравје“. „Алкалоид“ ќе израдува една дама со дневен и ноќен поливитамински хранлив крем Sattwa.

Употребата на Sattwa поливитаминскиот крем за ден и ноќ ќе и’ ги надомести на кожата есенцијалните витамини и ќе Ви овозможи хидратизирана и здрава кожа.

Единствената комбинација на активни компоненти, витамините А, Е, Ф и Д-пантенолот, маслото од јојоба и од пченични ’ркулци гарантира идеална избалансираност на липидите во кожата и се спречува нејзината дехидратација. Со употреба на кремот се овозможува целосна и ефикасна заштита и нега во текот на целиот ден.

Производот е дерматолошки тестиран.

 

 

Висококвалитетен производ кој помага за регенерација на клетките.

Комбинацијата на активни компоненти, витамините А, Е и Ф, Д-пантенолот, маслото од јојоба и од пченични ’ркулци интензивно ја хранат кожата во текот на ноќта, го обновуваат нејзиниот сјај, совршено го подобруваат тенот и ги намалуваат проширените пори.

Производот е дерматолошки тестиран.

 

 

Доколку сакате да го добиете овој подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од февруарската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во мартовскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

Прочитајте и
1 коментар
  1. Julija вели

    Bi sakala da go vidam rezultatot vo moite 30 god

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.