Крцкаво сочно пилешко кое брзо се приготвува

Предлог ручек

Згответе крцкаво пилешко за паметење со малку јогурт и уште неколку состојки. Станува збор за рецепт за фантастично и вкусно јадење.

Состојки:

150 гр грчки јогурт
1 лажица сенф
1 лажица јаворов сируп
½ лажица лут сос
сол, бибер
8 пилешки батаци
200 г корнфлекс
мелено лукче
мелен црвен пипер
масло

Приготвување:

Добро измешајте ги јогуртот, сенфот, сирупот и лутиот сос, па добро зачинете ја маринадата. Додајте го пилешкото и маринирајте го најмалку половина час, по можност подолго.

Потоа, пред да се пржи, валајте го пилешкото во изронет корнфлекс измешан со сол, бибер, мелено лукче и пиперка. Спуштајте ги мевцата во длабоко масло и  пржете ги неколку минути, додека пилешкото добие златна боја.

Префрлете ги батаците во чинија обложена со кујнска хартија за да се исцеди маснотијата. Послужете топло, со сос од јогурт.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.