Во пресрет на #Profemina 2023: Време е да ве запознаеме малку подобро со темите…

...за кои ќе зборувате долго по Конференцијата

Постојат жени кои не само што им се пример на луѓето околу нив туку можат да нѐ инспирираат сите нас. Некои тоа го прават со својата несебичност, некои со упорност, ентузијазам, оригиналност, чувство за бизнис.

Кога ја подготвувавме програмата на конференцијата, шеста година по ред се обидовме да ги избереме најинтересните теми и соговорници. И така, редакцијата на У&З едногласно се согласи дека ќе ни требаат вистинити приказни на силни жени, кои имаат што да кажат, бидејќи извојувале победа и сакаат да ги споделат своите охрабрувачки приказни со вас – за тоа како да се справите со здравствените предизвици, да ги надминете пречките и да излезете како победник, притоа не занемарувајќи ги вашите приватни улоги.

Дали канцерот се храни со тага? е панел-дискусија, поддржана од Vichy, во која специјалната гостинка од Белград Ана Дорник, хуманитарка и инфлуенсерка, ќе зборува за своето патешествие до излекувањето од канцер на дојка, кое го опиша во автобиографијата „Ти си таа“.

За жал, статистиката секојдневно ни потврдува дека оваа болест не познава старосни граници, сепак, висок процент жени може да се излекуваат од неа доколку се открие навреме. Меѓутоа, на жените им е потребна и подобра психолошка, финансиска и друга поддршка. Да зборуваме за ракот на дојка и да ги поддржиме жените што минуваат низ тунелот на лекување!

Дали женските лидери во корпорациите сè уште се исклучок и до кој степен формирањето на одбори е водено од социјалните предрасуди? Што повеќе треба да се направи за да се зголеми бројот на жени на раководните позиции во корпорациите? За дамите што се борат за подобра позиција во работата го подготвивме панелот: Се гледаме на менаџерското столче, поддржан од А1, (бидејќи на секој од нас му требаат корисни деловни совети од оние што го постигнале тоа).

Не можевме да ја заобиколиме темата која, за жал, и понатаму е реалност на многу жени. И покрај чекорите преземени во нашето законодавство, за жал, извештаите за состојбата на еднаквоста на жените, фемицидите и сите форми на насилство врз жените стануваат се поалармантни од година во година. Што можеме заедно да направиме за да ја осигуриме безбедноста на жените во семејството, на работа и во општеството? Токму за ова ќе дискутираат нашите панелисти, меѓу кои и две жртви на семејно насилство, во панелот: Дали сум безбедна? 

Иако сме напредувале како општество, сексот е сè уште еден вид табу, па многумина сè уште чувствуваат вина и срам кога фантазираат и мастурбираат. Експертите ги разбиваат предрасудите за сексот во рамките на панел-дискусијата: За што зборуваме кога зборуваме за секс?, поддржана од Love Guru, а стручните лица од La Roche Posay ќе ви ги разбијат митовите и заблудите за негата на кожата во рамките на студијата: Подобар живот за мојата кожа – митови и заблуди.

Како стареењето влијае врз самодовербата и врз менталното здравје? Дали естетските корекции се единственото решение за проблемот со самодовербата како последица на стареењето? Сето ова и многу повеќе ќе можете да дознаете на панел-дискусијата Сите нијанси на негата на жената, поддржана од Afrodita Kozmetika.

На нашето лице најпрво се забележуваат стрес, замор и исцрпеност. Покрај дополнителна чаша вода и овошје во текот на денот, на нашето тело и лице им е потребна соодветна грижа. A бидејќи се стремиме секогаш да бидеме здрави и убави, не можевме а да не ја вклучиме и студијата: Науката во служба на убавината, поддржана од Merz Spezial.

А што е со правото да го избереме нашиот образовен пат (бидејќи желбите на сите не се исти)? Токму за тоа ќе дискутираме на панелот: Образование – патоказ на животот, поддржан од УТМС. И не заборавајте – образованието ни нуди не само знаења од различни области и науки, туку и можност да стекнеме искуство во она што нѐ интересира и на тој начин да се изградиме како личности. 

Што сакаат жените одговараат мажите и оваа година, така што присутните дами на 23 ноември во Холидеј Ин ќе имаат можност да ги слушнат одговорите на ова вечно прашање директно од устата на познатите господа. (Powered by Vichy).

Учесниците во панелот „Што сакаат жените?“ на Профемина 2022

Годинава нa #profemina2023 лансираме иновативен производ што ќе придонесе за решавање на проблемот со кој се соочуваат голем број дами и господа, а тоа е сериозна форма на првут. (Powered by Revalid).

Посетителите ќе имаат можност да научат како постигнат изглед како штотуку да излегле од салон за убавина – во рамките на студијата: Шминкај се како професионалец, поддржана од Pierre Cardin, професионални шминкери демонстрираат како правилно да се разубавите.

Драги наши читатели, ве покануваме да се дружиме во добра атмосфера со уредниците на списанието Убавина и здравје, пријателите на конференцијата, како и со многу учесници од областа на медицината, дерматологијата, образованието, партнерските односи и бизнисот.

За време на Конференцијата во Зоната на искуства, каде што се наоѓаат штандовите на нашите пријатели, ќе имате можност да пробате нови производи, препарати за нега на лице и тело, како и шминка.

За време на паузите ве чека освежување, а ние ќе ве испратиме дома со подароците што ви ги подготвивме.

#Профемина лотарија – по речиси секој панел извлекуваме неколку среќни добитници на вредните подароци од покровителот, а по завршувањето на дискусиите следува големата Лотарија во рамките на која посетителите што останале докрај ќе имаат можност да заминат со вреден подарок од нас и нашите пријатели!

Дојдете на 23 ноември во хотелот Холидеј ин да размениме добра енергија, знаење, вештини и идеи за некои следни настани!

Конференцијата почнува во 10 часот, а трае до 18 часот!

Резервирајте го своето место на мејлот: event@colormedia.com.mk

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.